Кристијано Роналдо моментално е со Георгина Родригез, но наводно и понатаму е во врска со руската убавица Ирина Шајк, со која беше во врска извесен период.
Наводно, 22-годишниот Роналдо раскинал со Ирина бидејќи русинката не сакала да имаат дете, иако португалецот упорно инсистирал на тоа. Сепак, иако не се заедно веќе, Роналдо не може да ја заборави.
,,Никогаш не мислеше дека Ирина ќе замине.Жал ни е што мораше така да се заврши, а Роналдо и понатаму се интересира за нејзиниот живот. Љубоморен е и денес на нејзиното момче ”, открива пријател на Роналдо за британските медиуми.
А, по раскинот со Роналдо, Ирина изјави:
,,За мене идеалниот маж е верен, искрен и џентлмен кој знае како да ја третира својата жена. Не верувам во мажи кои нас не прават несреќни, тоа се деца, а не вистински мажи. Мислев дека го имам најдено свјот идеален маж, но испадна поинаку”.
Нема никакви официјални информации зошто тие двајца не се во врска. Се споменуваше дека бебе е во прашање, недоаѓањето на Ирина на роденденот на мајката на Роналдо, дека ја изневерил, но само тие двајца ја знаат вистината.