Сцена 11. јуни 2018. / 20:45

Познатиот актер Винс Вон приведен поради возење во алкохолизирана состојба

Познатиот актер Винс Вон приведен поради возење во алкохолизирана состојба

Американскиот актер Винс Вон е приведен во близина на Лос Анџелес поради возење во алкохолизирана состојба.

Актерот бил приведен при рутинска контрола на неговото возило, а освен за возењето во алкохолизирана состојба се товари за попречување во работата на полицајците и отпор при апсењето.

Од локалната полиција соопштија дека со Вон во автомобилот имало уште едно машко лице, кое исто така било алкохолизирано и пружало отпор на полицајците.

Двајцата зaвршиле во полициската станица во Менхетен бич.