Сцена 08. октомври 2018. / 20:01

Позната актерка жестоко удри по Кејт Мидлтон: Седум часа откако телото ти се расцепи ти изгледаш совршено

Позната актерка жестоко удри по Кејт Мидлтон: Седум часа откако телото ти се расцепи ти изгледаш совршено

Актерката Кира Најтли ја нападна војвотката Кејт Мидлтон. Таа тврди дека Кејт претставува погрешна слика за жените во јавноста и при тоа мисли на ситуацијата во која Кејт потполно средена, излегла од болницата само неколку часа откако го роди третото дете.

Есејот под наслов „Послаб пол“ на актерката е објавен во збирката „Феминистките не носат рози (и други лаги)“.

„Излезе од болница само седум часа по пораѓањето, со шминка на лицето и со штикли. Се покажа онака како што светот сакаше ја да види“, напиша актерката. Таа смета дека Кејт со тоа дава лажна слика во јавноста за жените кои штотуку се породиле.

„Ти само криј ја нашата болка, нашите искинати тела, гради од кои тече млеко, наплив на хормони. Изгледај прекрасно, биди дотерана, не ја покажувај својата битка, Кејт. Седум часа откако си се борела за живот и смрт, седум часа откако телото ти се расцепи и нов живот излезе од тебе во крв и вриштење. Не покажувај. Не говори. Стој таму со својата ќеркичка и позирај пред машки фотограф“, напиша актерката за Кејт Мидлтон.