Сцена

Позна актер го очекува третото дете

Позна актер го очекува третото дете

Овен Вилсон, кој на крајот од годината ќе наполни 50 години, со нетрпение го очекува своето трето дете. Досега актерот има две деца (момчиња на 4 и 7 години) од две различни жени, и третото дете не прави исклучок.

Во почетокот на летото, се појавија гласини дека актерот по трет пат ќе стане татко. Еден месец подоцна се дозна дека се работи за 34-годишната Варени Вонгсвирајтс. Пред 4 години ѕвездата од „Marley & Me“ беше забележан во друштво на Варени и деновиве стан јасно дека двајцата го очекуваат своето прво дете.

Овен Вилсон дури си направил тест за татковство ова лето, кој потврдил дека токму тој е таткото на детето. Во неодамна спроведено интервју со црнокоста убавица, таа принза дека двајцата се пар 5 години, но Овен преферирал да го чува приватниот живот во тајност. Ако ова е вистина, тогаш се поставува прашањето зошто актерот направил тест за татковство?!

Во својот профил во Instagram, Варени сподели слика од ултразвук на своето бебе и објави дека чека девојче по име Лајла. Судејќи според последните нејзини публикации во социјалната мрежа, Варени е многу активна и ја одржува формата со јога, иако веќе е во 8-ми месец од бременоста.

Неодамна Варени закачи слика од примиерата на филмот „Father figures“ во кој учествува идниот татко и во еден од коментарите под сликата беше прашана од фан дали Овен е таткото на нејзиното дете, на кого таа одговори со едно кратко „да“.