Сцена 04. април 2018. / 10:31

Потресно детство на 5 холивудски sвезди: Семејства дел од секти, раѓање во затвор

Потресно детство на 5 холивудски sвезди: Семејства дел од секти, раѓање во затвор

Со скромно потекло и потресни животни приказни, тие сепак успеале да ги реализираат своите соништа со работа и истрајност.

Тие сега заработуваат милиони, изгледаат гламурозно и целиот свет ги обожава, но не било отсекогаш така.

Многу од познатите личности имале тешко детство.

Какви тајни крие детството на некои холивудски ѕвезди:
Шарлиз Терон

Шарлиз Терон е првата актерка родена во Африка, која добила Оскар за главна улога.

Таа пораснала во Јужна Африка и на 15-годишна возраст сила сведок на ужасна трагедија. Мајка ѝ пред нејзини очи го застрелала татко ѝ во самоодбрана.

Во едно интервју Шарлиз откри дека ова многу ѝ влијаело на животот. Нејзиниот татко бил алкохоличар и во детството и било навистина непријатно кога се будела незнаејќи каква сцена може да ѝ приреди тој ден.

На 16 години таа започнала кариера како модел и почнала да патува низ Европа, а потоа и Холивуд .

 

Роуз МекГован

Актерката позната по серијата „Enchanted“ (Волшебнички) имала татко писател, кој се вклучил во сектата „Children of God“ и во неа ги вовлекол сопругата и 6-те деца. Сектата била комплетно затворена комуна од надворешниот свет.

Кога Роуз имала 10 години, таа и нејзината мајка побегнале и се преселиле во Вашингтон. Таму мајка ѝ сретнала маж кој ја убедил дека Роуз е зависник од дрога и таа ја испратила ќерка си на рехабилитација.

Една година подоцна Роуз излегла оттаму, се оттргнала од родителите, започнала да живее со баба си и на 14-годишна возраст се запишала во уметничко училиште и започнала да се занимава со глума.

 

 

Жерар Депардје

Тој е еден од најсаканите француски актери на сите времиња, а неговиот татко не знаел ниту да чита и пишува.

Семејството на Жерар Депардје живеело од социјална помош, која дефинитивно не била доволна за 6-те деца.

Тој бил срамежлив, слаб и имал лоша дикција, но потоа започнал да работи на себе. Се запишал на бокс, на разни курсеви и почнал да работи на своите актерски способности и така се лансирал во ѕвездите.

 

 

Лејтон Мистер

Актерката, позната по серијата „Gossip Girl“, била речиси родена во затвор. Нејзината мајка отслужувала затворска казна, но по раѓањето на ќерка ѝ Лејтон ѝ било дозволено да мине три месеци со неа. Потоа се вратила во затвор, а Лејтон ја чувала баба ѝ.

Уште од детството учествувала во локални театарски претстави, а на 11 години се преселила во Њујорк со мајка ѝ и започнала сериозна актерска кариера.

За минатото на мајка ѝ Лејтон вели дека никого не треба да осудуваме за грешките од минатото, а особено не нашите родители.

 

 

Џенифер Лопез

Таа сега заработува милиони, но родена е во сиромашно семејство на емигранти од Порторико. Мајка ѝ била учителка, а татко ѝ програмер и тие се плашеле дека на Џенифер лошо ќе ѝ влијае Бронкс, па уште на 5-годишна возраст ја испратиле во католичко училиште за девојчиња.

Кога одлучила да стане актерка, родителите не ја поддржале и се надевале дека таа ќе биде адвокат. Лопез го напуштила домот и посетувала низа аудиции.

Поради скромното потекло ѝ било потребен повеќе труд за да се истакне. Актерската кариера и започнала во 1997 со улогата во филмот „Selena“.