Сцена 02. јули 2018. / 20:50

Последна надеж: Доктори од САД и помагаат на Северина да затрудни

Последна надеж: Доктори од САД и помагаат на Северина да затрудни

Поп ѕвездата Северина Којиќ побарала помош од експерти од Америка за да затрудни, пренесуваат српските медиуми.

Таа и нејзиниот сопруг Игор Којиќ веќе подолго време се обидувале да добијат бебе, а пејачката во 2016 година направила обид за вонтелесно оплодување. За жал, Северина имала спонтан абортус и од тогаш не успеала да остане бремена, но поради тоа не се обесхрабрила во борбата да стане повторно мајка.

Во надеж дека ќе успеат, пејачката и Игор побарале помош за својот проблем во една од најпознатите светски клиники за плодност и вештачко оплодување, која се наоѓа во Лос Анџелес.

Според медиумите парот е веќе во САД каде на Северина и прават анализи, а во зависност од резултатите најверојатно таа ќе оди на некои терапии или на вештачко оплодување.