Сцена 21. август 2018. / 20:51

Поранешниот сопруг на Северина се огласи за голите фотографии

Поранешниот сопруг на Северина се огласи за голите фотографии

Откако Томица Петровиќ, менаџерот на Северина Којиќ, за експлицитните фотографии, кои вчера се појавиле на интернет, рекол дека ова се случува кога Северина добила судски спор и дека ваквата постапка на поранешниот партнер нив не ги изненадува, се огласи и Милан Поповиќ.

Сомнежот дека поранешниот сопруг на Северина ги објавил фотографиите го потврдува Игор Којиќ со објава на социјалните мрежи, кој меѓу другото во хаштаг напишал „pray for Milan brain“.

„Северина имаше различни партнери во минатото со кои има нерасчистени односи. На кој точно партнер господинот Петровиќ мислел кога изјавил дека ова е освета на поранешниот партнер? За кој наводно изгубен спор се работи? Против Томица Петровиќ се водат две кривични дела за клевета, баш поради изјава дека јас наводно ги изгубив судските спорови кои се водат со Северина. Фотографиите кои се објавени веројатно се од истата серија кои настанале во 2014 година, кога јас и Северина бевме во екот на борбата за старателство над нашиот син и имавме целосен пррекин на комуникацијата и јас не можев да ги имам овие фотографии. Се сметам себе си за одговорен родител и последна личност која ќе објави вакви фотографии на кои е мајката на мојот син, гола во компромитирачки пози, и за кои сум сигурен дека дополнително ќе го посрамоти и вознемири нашиот син, кој наскоро почнува во училиште. Јас не можам, никој не може да го заштити од навредите од другите деца. Оваа ситуација ја сметам за неодговорно и непромислено однесување на мајката и тоа по втор пат во нејзиниот живот“ изјавил Поповиќ за хрватските медиуми.