Сцена 23. декември 2018. / 13:06

Поради сопругата Принцот Хари веќе не лови и станал вегетеријанец

Поради сопругата Принцот Хари веќе не лови и станал вегетеријанец

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл и Принцот Хари секојдневно се под лупа на јавноста, а како што изгледа, тие не одбегнуваат да и се спротивстават и на Кралицата. Овој пат Хари одбил да оди на лов со брат му и татко му. Тој не сака повеќе да оди на лов, бидејќи Меган се грози од крзно, а поради сопругата станал и вегетарјанец, поради што значително ослабел.

Сите го обвинуваат дека Меган го сменила неговиот стил на облекување, но и дека станал папучар, бидејќи порано на сите забави останувал до крај, а сега заминува прв.