Сцена 03. мај 2018. / 11:22

Полубратот на Меган Маркл до принцот Хари: Откажи ја венчавката додека не е доцна!

Полубратот на Меган Маркл до принцот Хари: Откажи ја венчавката додека не е доцна!

Меган Маркл, идната принцеза и сопруга на принцот Хари, има полубрат кој не само што зборува по медиумите дека нејзината свадба ја уништи нивната фамилија, туку и му напишал писмо нa идниот зет во кое му порача дека сè уште не е доцна да се откаже венчавката.

Томас Маркл Џуниор му порачал на принцот дека времето си тече, но дека сè уште може да ја откаже венчавката со жената која ќе го уништи кралското семејство.

“Не можам да верувам дека ти не ја гледаш Меган на начинот на кој целиот свет ја гледа. Таа е глумица од Ц категорија која губи улоги, бидејќи старее и сега сака да стане принцеза”, напишал Томас.

“Нашиот татко поради нејзината кариера западна во големи долгови од кои сè уште се опоравува. Таа не му врати ниту еден цент”, додаде тој и го повика принцот да процени каква личност е Меган.

“Своето сопствено семејство не го покани на свадба, а поканува странци”, напиша и сосема парадоксално заврши: “Меган е мое семејство. Иако сосема не заборави, ние неа не ја заборавивме и секогаш ќе бидеме тука”.