Сцена

Почина легендарниот пејач Шарл Азнавур

Почина легендарниот пејач Шарл Азнавур

Легендарниот француски пејач Шарл Азнавур почина на возраст од 94 години.

Азнавур почина во неговиот дом во Алпије, објавија француските медиуми.

Азнавур наводно само што се вратил дома од турнеја во Јапонија, каде што ова лето мораше да откаже неколку концерти поради скршена рака.