Сцена 26. март 2018. / 15:32

ПОЧИНА КАНГО

ПОЧИНА КАНГО

Рок-музичарот и гитарист Симеон Иванов-Канго почина во Кочани на 66-годишна возраст по долго и тешко боледување, потврди неговото семејство на Фејсбук.

Со децении една од најпрепознатливите појави на нашата музичка сцена, Канго низ кариерата го следеше епитет „македонски Џими Хендрикс“, а беше активен и во промовирањето на македонските јазик и култура преку движењето „Мактеон“, што самиот го основа.

Иако дипломирал на Правниот факултет во Скопје, тој почнал да се занимава со музика од најрана возраст и 40-годишниот јубилеј го одбележа со концерт во Дом на АРМ во Скопје во 2005 година.

Освен тоа што беше гитарист и пејач во својот истоимен бенд, со кој издаде шест албуми, Канго беше и музички педагог и поет, објавувајќи четири збирки поезија.