Францускиот актер Жерар Депардије (69) е сослушан во полициската станица во интерес на истрагата по тужбата на една актерка која наводно ја силувал и сексуално ја вознемирувал, соопштија полициски извори, а пренесуваат странските медиуми.
Потсетуваме дека тој е тужен и на 19 август оваа година дека силувал млада актерка во својот дом во Париз. Актерот е сослушан, но не му е одреден притвор, наведуваат истите извори кои потсетуваат на истата информација.
Името на актерката не е споменето, а таа летово го пријавла Депардије дека сексуално ја злоупотребил во нејзиниот дом во Париз на почетокот на август годинава.
– Жерар Депардије апсолутно ги одрекува сите шпекулации за ова и вели дека немало никаков напад, а камоли силување. – изјави неговиот адвокат Ерве Темим.