Ѕвездите Тања Савиќ и Славица Чуктераш биле најдобри пријателки се додека Тања, наводно, не ја обвинила Славица за обид да го заведи нејзиното поранешно момче.
Пријателството веднаш завршило, а познатите пејчки не разговарале со години. Нив две повторно ги соедини еден убав настан. Како што пишуваат српските медиуми, Славица ја повикала Тања да биде сведок на нејзината венчавка, по што таа веднаш прифатила.
Двете пејачки потврдиле дека сега се во добри односи, а сега Славица и нејзиниот партнер Владо Аврамов се родители на девојчето Викторија. По тој повод Тања на својот Инстаграм профил напиша:
-Славица, нека е живо и здраво девојчето.