Сцена 19. јули 2018. / 22:34

По бурната врска: Мајли Сајрус ја раскина веридбата

По бурната врска: Мајли Сајрус ја раскина веридбата

Пејачката Мајли Сајрус и нејзиниот избраник актерот Лијам Хемсворт, ја раскинале веридбата, иако овој пат биле на чекор до олтарот.

Иако не раскинуваат прв пат, најверојатно нивниот однос конечно завршил.

Мајли и Лијам се запознале пред девет години на снимањето на филмот „Последна песна“ и официјално се заедно од 2010 година. Прв пат се вериле уште во 2012 година, но бидејќи пејачката не била спрмена за следниот чекор, секој продолжил по својот пат, но за брзо се смириле.