Сцена 10. април 2018. / 15:48

По 14 години Северина проговори за понудата која ја добила по порно клипот на јахта

По 14 години Северина проговори за понудата која ја добила по порно клипот на јахта

Пејачката Северина Којиќ во текот на викендот пееше на еден концерт во Сплит. Таа во оваа прилика истакна дека поддршката е многу важна во многу ситуации како што беше кога излезе нејзиниот порно филм во 2004 година.

„Поддршката е важна, јас тоа го знам од својот живот. Имаше ситуација која беше лоша, но нема сега за неа да зборувам. Но, имаше и духовити сутации во најлошите моменти за една жена, се појави некој филм, а јас сеуште сум убедена дека никој никогаш не го гледал“ и рекла Северина на публиката.

Кога се нашла во таква ситуација таа добила и една неочекувана понуда од еден нејзин колега.

„Во такви моменти луѓето ти даваат поддршка, добив илјадници пораки, но една ми остана во сеќавање. Ми се јавува Арсен Дедиќ и ми вели: Колешке, јас слушнав дека имате некој фил, но немате музика па да се препорачам“, додава Северина.