Сцена

Планот на Лука: Сака да ја прогласи Наташа за луда и неспособна мајка, но тоа не е се

Планот на Лука: Сака да ја прогласи Наташа за луда и неспособна мајка, но тоа не е се

Лука Лазукиќ сака Наташа Беквалац на суд да ја прогласи за луда и да ги убеди сите дека таа него го нападнала.

Тој со сите сили се обидува да се испере од приказната дека на 14-ти април ја претепал во нејзиниот стан во Дедиње, па сега сковал план да докаже дека таа е психички нестабилна, и дека сама е виновна што имала гребаници по лицето и модрици по телото.

-Лука сака да ја уништи Наташа, па смислил да ја прогласи за луда, како би се испрал себе си и би го земал старателството врз ќерката Катја. Тој знае дека тоа пејачката најмногу би ја заболело, па удира ниско. Разработил цел план, па на суд ќе се брани дека Ната е психички нестабилна и дека таа него го нападнала. Сака да докаже дека таа не е способна да се грижи за себе, а камоли за бебето, дека е склона кон самоповредување и хистерични напади, кои можат врз детето да остават сериозни последици и трауми-вели добро информиран извор.

Лазукиќ сака да го искористи тоа што Наташа идела кај психијатар пред неколку години, бидејќи имала потреба да разговара со некого, кој не и е близок.

-Тој не бира средства како би ја повредил Ната и покажал како таа е непресметлива, немарна, лоша мајка. Дури оди толку далеку што на суд еден од аргументите зошто треба детето да му припадне на него, ќе му биде тоа што таа е пејачка. Него не го интресира детото, бидејќи за еден месец ниту се јавил ниту се заинтересирал за него, туку само сака да ја повреди Ната-тврди соговорникот.