Сцена 25. септември 2018. / 10:26

Петок афтер ворк забава со Трифун Костовски

Петок афтер ворк забава со Трифун Костовски

Поранешниот скопски градоначалник, бизнисменот Трифун Костовски (71), в петок, во Скопје, на афтер ворк парти ќе ги промовира шесте нови песни од новиот албум кој е во подготовка, објави Независен.

Станува збор за шест песни на авторите Григор Копров и на Александар Митевски, а албумот се снима во музичкото студио на Митевски, „Торус“. На промоцијата ќе зборуваат актерот Дац и поп-пејачот Брејк.

-Ја сакам музиката и ја разбирам. Новиот албум ќе содржи песни со музика која ми лежи и која ќе ја интерпретирам на мој, специфичен начин. Претежно ќе бидат балади во комбинација со рецитал, изјави Костовски.

Бизнисменот кој во текот на животот ги подржуваше македонскиот спорт, и култура и имаше политички амбиции, секогаш истакнуваше дека музиката му е хоби и задоволство, а македонската јавност сѐ уште со воодушевување го потпевнува неговиот хит „Срце тетовирано“.

„Пропеав на 50 години, и не ми беше лесно да го направам тој чекор. Музиката е нешто посилно од мене. Од семејството и пријателите ја имам сета поддршка, очекувам и на публиката да и се допаднат новите песни, зашто ги пеам од душа, вели Костовски.

Летово, во рамките на поп -вечерта, Костовски имаше свое шоу на годинешниот „Охрид фест“, како голем љубител и подржувач на музиката и на фестивалот.