Сцена 10. април 2018. / 19:37

Панчо ги растажи фановите со статус за починатата мајка

Панчо ги растажи фановите со статус за починатата мајка

Панчо од дуото „ДНК“ денеска сподели своја емотивна приказна и ги растажи своите обожаватели.

Тој раскажа настан како потсетување на она што се случувало пред 4 години на денешен ден, кога починала неговата мајка, или како што вели, кога заминал неговиот најголем идол.

„На денешниот ден си замина мојот најголем идол. Пред да заминеш ми велеше дека се ќе биде в ред и дека времето лечело се. Не е така, за прв пат ме излажа. Поминаа години, а твоето отсуство секој ден е се поприсутно. Среќен сум само дека си на подобро место, далеку од овој лицемерен свет полн со лага, омраза и завист. Некогаш и негде, таму горе ќе се видиме пак и ќе бидеме повторно тим, но тогаш, ти ветувам, ќе бидеме засекогаш“- напиша Панчо.

Неговата мајка почина од рак, а тој брзо потоа го сними својот нов албум „Уште еден ден“, кој беше посветен на неговата мајка.