Еде од синовите на пејачот Синан Сакиќ кој не дојде на погребот на својот татко е Медо Сакиќ кој последните неколку години не бил во добри односи со пејачот.
Медо е најстариот син на пејачот од првиот брак на Синан кој не се најде ниту на умреницата на ожалостеното семејство.
Но тој сепак тврди дека бил на погребот и дека медиумите не го забележале.
-Не ви се точни информациите, јас бев на погребот, во весниците излезе моја слика на која сум веднаш до ковчегот на мојот татко. Еве и сега се подготвувам да одам на гробишта, денеска е втор ден откако го погребавме мојот татко, вели Сакиќ.
Но ќерката на пејачот вели дека тие биле во лоши односи и тој никогаш не дошол да го посети нивниот татко додека бил во болница.
-Медо на нас сите ни правеше проблеми, но јас бев прва што секогаш се обидував да ја смирам топката. Последниот пат кога ги смирив сакав веќе конечно сите да бидеме заедно, но потоа Медо едноставно му го зеде целиот албум на Синан и јавно го презентираше како негов со што го налути нашиот татко.