Властите тврдат дека не постои кривично дело во врска со смртта на суперѕвездата диџејот Авичи, кој почина минатата недела во Оман.
Авичи, чие вистинско име беше Тим Берглинг, беше пронајден мртов во петокот во главниот град на Оман, Мускат. Причината за смртта не е објавена, но не станува збор за кривично дело.
-Телото беше на обдукција… и можеме да потврдиме дека не постои кривично сомнение во смртта- изјави полицијата на Оман за Си-Ен-Ен.
Родителите на Авичи, две сестри и еден брат се во земјата за да го пренесат телото на диџејот.
Неговото семејство е „потполно уништено”, рече полицијата.