Веста за ненадејната смрт на пејачката Долорес О’Риордан во почеток на годината го потресе светот, а многумина ја поврзаа со нејзината борба со депресија. Конечно е објавено дека починала од давење во када предизвикано од алкохол, што покажа истрагата во Лондон, тврди „Индепендет“.
Поранешната пејачка на популарната група „Кренберис“ беше пронајдена мртва на 15 јануари во хотелската соба во „London Hilton on Park Lane“. Имаше 47 години.
Лондонската полиција тврдење дека смртта на Долорес не е сомнителна, но судот наложи многубројни тестови. Пејачката минатата година откри дека во 2015 години и’ е дијагностицирано биполарно нарушување, а со депресијата се борела во текот на целата кариера.