Сцена 05. октомври 2018. / 14:54

Објавен трејлер за првата НВО серија од Балканот

Објавен трејлер за првата НВО серија од Балканот

Се појави првиот трејлер за „Успех“ – првата хрватска (и регионална) НВО серија во шест дела. Режисер е оскаровецот Данис Тановиќ, а сценариото е на Македонецот Марјан Алчевски, еден од победниците на НВО Адрија Фрст Драфт натпреварите.

Премиерата е закажана за 26 декември, и ќе се прикажува на НВО каналите во Хрватска, Србија, Словенија, Македонија, БиХ, Црна Гора, Централна Европа, скандинавските земји и во Шпанија.

„Успех“ е повеќеслојна драма со силни ликови. Тројца случајни луѓе ќе бидат поврзани со една несреќна случка при обид да им помогнат на неколку жртви на насилство.