Кога пред три години се појавила на премиерата на мини серијата „The Slap“ ретки ја препознале.
Нејзиното лице имало поинаков израз, очите и делувале помалечки, а лицето испеглано и без ниту една брчка.
Било очигледно дека 44. годишната глумица била на разубавување кај естетски хирург. Сите написи дека била на естетска корекција Ума Турман ги негирала и тврдела дека новиот мејкап и начин на шминкање е заслужен за таков младешки изглед.
Сепак, не можела да ги измами стручњаците и ним им било јасно дека Ума била на затегнување и ботокс кои потполно и го промениле изгледот
Извесно време престанала со таквите третмани, но новите фотографии потврдуваат дека повторно била на некој третман бидејќи лицето и е потполно заледено.
Ума, за жал е лош пример што се случува кога познати лица немаат мерка и постигнуват сосема друг ефект со бројните операции и ботокс.