Во најновата тужба против филмскиот продуцент Харви Вајнштајн се тврди дека тој сексуално нападнал 16-годишна актерка во Њујорк.
Девојката, која е поранешен модел од Полска и чиј идентитет не се открива, вели во тужбата дека во 2002 година таа требала да се сретне со продуцентот на деловен ручек, но тој ја однел во својот апартман, каде што од неа барал да има секс со него.
Во тужбата поднесена во средата се наведува и дека Вајнштајн наводно ѝ се заканувал на девојката, велејќи ѝ дека ако сака да стане актерка мора да има секс со него и дека тој е заслужен за кариерите на светски познатите актерки Пенелопи Круз и Гвинет Палтроу.
Откако таа повеќепати го одбила, тој се погрижил таа никогаш да не добие работа, тврди девојката која е 10та жртва што го тужи Вајштајн и неговата продукциска куќа „Мирамакс“.