Сцена

Новата љубов на Бред Пит има ист вкус со Анџелина, и тоа не само за мажи

Новата љубов на Бред Пит има ист вкус со Анџелина, и тоа не само за мажи

Убавата Нери Оксман деновиве се појави во кежуал црн стајлинг, кој дефинитивно потсетува на стајлинзите на Џоли.

По разделбата Бред Пит сигурно сака да ја заборави Анџелина Џоли, но неговата нова љубов, 42-годишна професорка и архитект Нери Оксман го потсети на поранешната сопруга.

Таа покрај тоа што има ист вкус за мажи со Анџелина Џоли, јасно е нели – Бред, таа има и сличен моден вкус со неа.

Нери се појави во црн кежуал стајлинг од глава до петици во каков што многу пати досега сме ја виделе Анџелина, па дури за неа тој е и препознатлив знак. Нери беше фотографирана при влегувањето во нејзиниот дом во Кембриџ, Масачусетс.

Американско-израелската убавица носеше турбан на главата и големи очила за сонце, очигледно сакајќи да се сокрие од љубопитните погледи.

Кому му стои подобро црно, на Оксман или Џоли?