Сцена 06. јуни 2018. / 17:12

Нивната порака ја шокираше јавноста – Емина и Мустафа се официјално разведени

Нивната порака ја шокираше јавноста – Емина и Мустафа се официјално разведени

Бракот на Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал денес и официјално е завршен во општината Бејкоз во Истанбул.

Емина и Мустафа денес официјално се разведоа и по тој повод објавија заедничко соопштение.

-Од денес поради нашите деца Јаман и Јавуз овој крај на бракот нема да биде и крај на нашето пријателство и заедништво. Почитувањето е она што и натаму го имаме еден кон друг и така ќе се продолжи и во иднина, се вели меѓу другото во заедничкото соопштение.

Како што претходно наведе, Емина животот ќе го продолжи во Истанбул за нејзините синови да не почувствуваат преголема промена.