Сцена

Нема кој да ја испрати до олтар, таткото на Меган и најблиското семејство нема да дојдат на нејзината свадба

Нема кој да ја испрати до олтар, таткото на Меган и најблиското семејство нема да дојдат на нејзината свадба

Последните денови пред свадбата на Меган Маркл, иако требаше да бидат исполнети со детаљи околу организацијата на големиот ден, наместо тоа, Меган се занимава со неочекувана семејна драма. Прво, нејзиниот татко, Томас Маркл, требаше да ја придружува невестата, односно, ќеркаси, на патеката на свечената церемонија. Потоа, тој одлучи да не присуствува на венчавката.

Паралелна драма, со оваа на нејзиниот татко, на Меган и приредуваат и членовите на семејството, односно блиските роднини кои не се поканети на кралската свадба. Но неволјите за Меган, не пристигнаа само од нејзиниот татко. Нејзината полу-сестра, Саманта Маркл, рече дека таа стои зад договорените фотографии.

Таткото на Меган Маркл (36), Томас (73), изјави дека нема да дојде на свадбата на неговата ќерка со британскиот принц Хари (33). Постојат две причини за ова.

Првата беше благ срцев удар кој му се случи пред една недела поради стрес. А втората е тоа што се дозна дека агенција му платила да го направи сето ова само за да добие публицитет. Очигледно тој не сака да ја посрамоти својата ќерка и кралското семејство уште повеќе и зажали што земал пари од агенцијата. Тој тврди дека парите не биле главен мотив, туку сакал јавно да го подобри својот имиџ.