Сцена 20. декември 2018. / 12:25

Не пропуштајте: Оперската пејачка Мила Јаневска ќе одржи концерт во Македонска филхармонија

Не пропуштајте: Оперската пејачка Мила Јаневска ќе одржи концерт во Македонска филхармонија

Во просториите на Македонската филхармонија во среда на 26 декември ќе биде одржан концерт на македонската оперска пејачка, Мила Јаневска. На концертот ќе бидат изведени дела од Моцарт, Штраус, Рахманинов, Дворак и Глук.

Концертот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија, а за организацијата се погрижила самата пејачка. Инаку, Мила Јаневска е од Скопје и студент во 4-та година на Универзитетот во Виена.