Сцена 06. април 2018. / 12:26

Наум Петрески ар ен би, или Панчо народно

Наум Петрески ар ен би, или Панчо народно

На социјалните мрежи осамна фотографија на која се легендарниот фолк пејач Наум Петрески и ар ен би пејачот Панчо од дуото ДНК. Ова што се заедно во студио привлече големо внимание.

,,Кога ја имаш таа чест да си во студио со легендата на македонската народна песна ” – напиша Панчо во описот на фотографијата.

Иако, за сега не сакаат да откријат за што станува збор, сепак, се зборува дека снимале заедничка песна. По објавувањето на нивната фотографија, почнаа и нагаѓања што се снимало во студиото. Едни велат дека Наум запеал ар-ен-би ,а други пак дека Панчо народно.

Останува да почекаме, па да видиме што се спрема.