Актерката Дијана Кругер го чека своето прво дете со актерот Норман Редус.
Германската актерка, најпозната по улогата во филмот Троја, и актерот Норман Редус го очекуваат првото дете, пренесуваат медиумите.
Оваа вест се појави откако маганизот Пејџ Сикс, пред помалку од месец дена објави дека убавицата во Кан, со широк фустан го прикривала трудничкиот стомак.
Четириесетиедногодишната актерка ќе го добие првотот дете, додека нејзиниот партнер има 18-годишен син, од врската со топ моделот Хелен Кристенсен.