Сцена 03. мај 2018. / 14:12

МУЛТИКУЛТИВАТОР ФЕСТИВАЛ 2018

МУЛТИКУЛТИВАТОР ФЕСТИВАЛ 2018

Следнва сабота(5ти мај) во просториите на Клуб-Ресторан МКЦ, ќе се одржи 2риот МУЛТИКУЛТИВАТОР Фестивал на кој ќе настапи легендарниот Ска состав Д Тоустерс од Њу Јорк (САД).

Се работи вистински пионери на Ска и Реге звукот, оформени далечната 1981ва година кој зад себе има 10-ина студиски и десетици лајв и компилациски изданија и преку 2000 концерти шитум светот.
Скопје е дел од нивната голема европска турнеја.

Како загревање за нивниот настап со свој ди џеј сет ќе настапат Диџеј РУТБОЈ и Диџеј Агнеса.

Настанот започнува во 21 часот а билети може да се набават на билетарницата на Младинскиот Културен Центар.

Настанот е во организација на здружението КУЛТИ ВАТОР од Скопје и е помогнат од Град Скопје.