Сцена 24. јуни 2018. / 12:35

Миранда од „Сексот и градот“ откри шокантна тајна за нејзиниот син

Миранда од „Сексот и градот“ откри шокантна тајна за нејзиниот син

Црвенокосата ѕвезда од серијата „Сексот и градот“, Синтија Никсон, откри шокантна тајна за нејзиниот 21-годишен син.

Синтија Никсон (52) деновиве на Инстаграм се пофали дека нејзиниот син Самјуел дипломираше, но притоа откри и еден неверојатен детал. Синот на Синтија се родил како девојче и се викал Саманта.

Со објавата, Синтија сакала да го одбележи светскиот ден на трансродните лица и да укаже на борбата против нивната дискриминација. Инаку, Синтија го добила Самјуел во брак со поранешниот сопруг Дени Мозес, со кого го има и 15-годишниот син Чарлс.

Тие се разведоа во 2003 година за во 2012 Синтија да се венча со активистката Кристина Марињони.

Со Кристина, Синтија го доби синот Макс, кој е зачнат од донатор на сперма.