Стела Булочников, поранешната менаџерка на Мараја Кери планира да ја тужи популарната пејачка поради наводно сексуално вознемирување.
Таа изјавила дека Мараја ,,постојано шетала гола пред неа” .
Освен тоа, 48 годишната пејачка наводно ,, извршувала сексуални работи во присуство на Стела”, пишува ,,TMZ” .
Исто така Булочников наведува дека Мараја Кери има проблем со злоупотреба на дрога, како и тоа дека не ги зема правилно лековите кои и се препишани поради биполарното нарушување.
Извор близок до пејачката за,,TMZ” изјавил дека тужбата е ,,непрофесионална и се базира на неосновани тврдења”, од кои Кери ќе се брани ,,силно и со успех”.
Инаку во 2016 година таблоидот Пејџ Сикс твдеше дека Булочников спрема Мараја Кери не се однесува како менаџерка, туку како ,,диктатор”
,,Таа практично се пресели кај Мараја и сега знае толку многу работи за неа што може да побара што сака ” – изјави неименуван извор за тој сајт.
,,Таа ги влечи сите конци, а Мараја прави што и да и рече !” .
Стела Булочников ,исто така тврди дека била жртва на ,,неправедно отпуштање од својата должност во врска со Кери” , како и тоа дека размислува да не поднесе тужба доколку Мара Кери и исплати одредена сума на пар, пишува ,,TMZ”.