Меган Маркл на пријателите им открила дека едвај чека да се омажи и да стане мајка.
-Таа едвај чека да има свои деца. Работата со деца потполно ја исполнува и тоа е она за кое се чувствува најдобро, пишува британски Телеграф.
Изјавата, наводно, ја дала нејзината поранешна менаџерка и агент, Џина Нелторп Каун, која идната принцеза ја опиша како топла и полна со љубов.
Маркл на 19. мај ќе се омажи за принцот Хари и ќе стане член на британското кралско семејство.
Познато е дека татко и ќе ја предаде на принцот, а сите подготовки за венчавката се при крај.