Сцена 19. јуни 2018. / 20:38

Малума ограбен во Москва додека гледал фудбал

Малума ограбен во Москва додека гледал фудбал

Колумбискиот пејач Хуан Луис Лондоњо е ограбен во московскиот хотел 4 Сезони и тврди дека непознато лице му одзеде накит и луксузни предмети во вредност од 787.000 долари.

Пејачот, познат под името Малума, присуствувал во хотелот за време на Светското првенство во фудбал.

Според полицијата, непознато лице се претставило како гостин на пејчот, па добил дупликат електронски клуч. Крадецот по грабежот побегнал, а полицијата покрена истрага.