По се изгледа дека најактуелната ѕвезда во моментов е вереницата на принцот, идната сопруга на Хари – Меган Маркл. Тоа е толку актуелна, што нејзиното семејство не сопира да упатува негативни коментари на нејзината адреса. И сето ова во името на славата, парите и повеќе …
Откако братот на Меган јавно го повика Хари да ја откаже свадбата, бидејќи неговата сестра не била соодветна за него, била површна и вообразена и секакви слични „суперлативи“, сега и нејзината мајка одлучи да зборува. Таа ќе даде ексклузивно интервју за Опра, но со важно објаснување дека пред да биде емитувано, тоа треба да добие одобрение од Меган. Ова значи дека овој пат барем можеби нема да има негативни изјави по нејзина адреса.
А ако до овој момент не сте слушнале ништо за Дорија Рагланд, тогаш сигурно по предметното интервју ќе ја запознаете. Да, така се вели мајката на Меган, која нема начин како да не се здобие со светска популарност по средбата со Опра Винфри во „прајм тајм“.