Сцена 19. април 2018. / 10:36

Лила како мотивациона говорничка

Лила како мотивациона говорничка

Вчера на Економскиот факултет во Прилеп, се одржи четвртиот настан од акцијата Feed your brain, на кој како мотивацион говорник настапи познатата македонска водителка Лила Филиповска.

Feed Your Brain e акција која е дел од платформата Мрдни со Прст која е граѓанска платформа, чија мисија е да поттикне акција на размислување за индивидуалната одговорност и поголема граѓанската вклученост во решавање на општествените прашања кои сите нè засегаат, бидејќи секое мало мрдање со прст придонесува за големи резултати и промени. Иницијативата започна пред повеќе од една година и секој граѓанин, граѓанска иницијатива или организација може да стане дел од неа.

Нашето најпрепознатливо ТВ лице, даваше совети за градење на 20 годишна кариера.