Сцена 25. април 2018. / 14:42

Лила Филиповска откри како и го хакирале Инстаграм профилот

Лила Филиповска откри како и го хакирале Инстаграм профилот

Во рамките на гостувањете на водителката во отвореното студио на „1ТВ“ на тема сајбер-криминал, таа зборуваше за непријатното искуство
Лила Филиповска се вбројува во сопствениците на профили со најголем број следбеници на „Фејсбук“ и „Инстаграм“ социјалните мрежи поради што и станала мета на хакерскиот напад

Популарната водителка на квиз-шоуто „Се’ или нешто“ на „ТВ Сител“ го објасни начинот на кој многу едноставно и бил преземен односно украден инстаграм-профилот и ги посоветува сите корисници на социјалните мрежи да внимаваат на т.н. „fishing“ или „рибарење“ – термин кој објаснува на кој начин хакерите комуницираат со потенцијалните жртви и буквално ги измамуваат на лесен начин:

Добив порака која наликуваше на порака од сервисот на Инстаграм во рамките на која бев известена дека имало обид за сомнителен влез во мојот профил и дека во рок од 12 часа морам да ја сменам лозинката за сервисот од безбедносни причини да не ми го згасне профилот. Веднаш влегов да ја сменам лозинката, а за тоа да го направите, знаете дека е потребно да ја внесете актуелната и практично на тацна му ја дадов сопствената лозинка, а потоа ми го презеде профилот.

Водителката им порача на сите корисници на социјалните мрежи да не отвораат сомнителни пораки дури и да наликуваат дека се официјални пораки од непознати лица или сервиси.