Дваесетитригодишната Вероника Дидусенко пред само неколку денови беше прогласена за најубава жена во Украина, но за брзо остана без круната.
Како што пишуваат медиумите мисицата не ги почитувала сите правила неопходни за натпреварувањето, а што е најлошо таа при аплицирањето ги излажала организаторите.
По победата, при проверка на нејзините податоци, откриено е дека Украинката има четиригодишен син со поранешниот сопруг. На ова натпреварување е забрането да учествуваат мајки и мажени жени, па Дидусенко е дисквалификувана.
Организаторите на изборот за мис соопштиле дека Вероника не може да ја задржи титулата и дека нема да учествува на натпреварувањето за Мис на светот.