Популарната американска пејачка, Лана Дел Реј, објави нова песна со наслов „Mariners Apartment Complex“, а наредната седмица се очекува да ја претстави и песната „Venice Bitch“.
Лана Дел Реј оваа вест со своите обожаватели, ја сподели преку социјалните мрежи.
Славната пејачка моментално се наоѓа во своето студиo, заедно со продуцентoт Џен Антоноф, со кого напорно работат на нов материјал.
Иако новиот албум не можеме да го очекуваме во 2019 година, Лана Дел Реј дел од тој материјал ќе им го претстави на фановите преку објавување на две нови песни.
Првата во низа е споменатата „Mariners Apartment Complex“, нумера која светската премиера ја доживеа како Hottest Record In The World во емисија на „BBC Radio 1“.
Потврдено е и дека наредната недела, поточно на 18 септември, можеме да очекуваме излегување на уште една нејзина нова песна – „Venice Bitch“.