Сцена 26. јуни 2018. / 20:39

Кралското семејство изненадено: Меган Маркл номинирана за престижна награда

Кралското семејство изненадено: Меган Маркл номинирана за престижна награда

Меган Маркл влезе во историјата, како првата членка на кралското семејство која е номинирана за една престижна награда, но не за онаа која се однесува на нејзината актерска работа.

Во Лос Анџелес наскоро се одржува престижната Teen Choice Awards, а на списокот на фаворите се наоѓа Меган Маркл, која е номинирана за наградата за стил, пишува Њујорк пост.

Во конкуренција со војвотката од Сасекс, која неодамна се омажи за принцот Хари, се Блејк Лајвли, Хери Стајлс, Чедвик Боузман, Зендај и Мигос.

Церемонијата за доделување на оваа награда ќе се одржи на 12 август.