Сцена 13. април 2018. / 11:00

Крај на љубовта: Српската дива раскина со бизнисменот

Крај на љубовта: Српската дива раскина со бизнисменот

Пејачката Катарина Грујиќ одлучи да стави крај на врската со црногорскиот бизнисмен Коста Обрадовиќ.

Инаку, Катарина ги избриша сите фотографии со Коста од социјалните мрежи, а потоа објави и неколку коментари за нејзината емоционална состојба.

„Секогаш одам со насмевка на лицето. Понекогаш мала, понекогаш голема. Понекогаш лажна, одглумена. Понекогаш со насмевка низ солзи… често искрени. Но без оглед на животната ситуација, каква и да е, насмевката е тука… Не допуштам други да се смеат на мојот пораз, нека ги загрижи таа насмевка на моето лице. Каква и да е, само ретки ја препознаваат“, напиша Катарина, со што ги збуни фановите.