Големиот концерт на популарната етно група „Синтезис“, наместо на Антички театар вечерва ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ соопштина од „Охридско лето“.
Причина за менувањето на локацијата на одржување на овој голем настан со кој фестивалот „Охридско лето“ ќе го одбележи 58-от роденден, се временските неприлики.
-Не би сакале да ризикуваме, заради дождливото време овој роденденски концерт да не биде реализиран. Токму затоа, одлучивме тој да се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“, вечерва со почеток во 21 часот, велат од дирекцијта на фестивалот „Охридско лето“.
Според најавите на метеоролозите, нестабилно и дождливо време не’ очекува и во текот на втората половина од денешниот ден.