Американската актерка Сандра Булок во својот договор ставила клаузула дека нема да снима секс сцени, пренесуваат американските медиуми.
Една од најдобро платените актери во Холивуд, 53-годишната Сандра Булок е позната по тоа што не сака да снима интимни сцени пред камерите.
Во промоцијата на новиот филм, Сандра пред медиумите открила дека имала специјално барање до режисерите и сценаристите. Станува збор за клаузула во договорот според кој не можат да бараат од неа да снима голи сцени, а причината ќе ве изненади.
-Не сум тип на личност која ќе каже: Ќе се снимам себе си за време на секс зошто изгледам добро. Никогаш не сум се сликала и снимала во кревет – не сакам да гледам и да дознаам која ми е добра страна, како што изгледа, нема да дознаете ни вие.- изјавила актерката.