Сцена 05. април 2018. / 13:00

„Карпата“ односно, Двејн Џонсон нема да биде дел од „Брзи и бесни 9“?

„Карпата“ односно, Двејн Џонсон нема да биде дел од „Брзи и бесни 9“?

Проблемите започнале уште на снимањето на „Брзи и бесни 8“ во 2016 година, кога се појавиле искри на нетрпеливост меѓу „Карпата“ и Вин Дизел, кој го глуми главниот лик во сите филмови.

– Вин и јас разговаравме неколкупати и во четири очи. Јас сфатив дека имаме суштински разлики во нашиот пристап кон филмската работа и соработката. Ми требаше време за да го разберам тоа, но сега ми е јасно, и драго ми е поради тоа. Без обѕир дали ќе работиме повторно заедно или не, изјави тој.

Џонсон нагласува дека тука нема лутење и дека му посакува се најдобро на својот колега, но дека не е сосем сигурен дали ќе ја повтори својата улога во идните продолженија на филмскиот серијал.