Американскиот рапер Канје Вест откри во интервју за „Холивуд рипортер“ неколку детали за својот нов проект – книга за уметноста и спиритуалноста.Канје за време на разговорот зборуваше за опседнатоста со фотографијата и односот што луѓето го имаат кон неа.
„Луѓето се опседнати со фотографија, бидејќи таа ги поместува од сегашноста во минатото или иднината. Фотографијата може да се користи како документ, но во најголем број случаи се случува да ги обземе луѓето од други причини. Човекот премногу се поврзува со сеќавањата“, рече Канје.Книгата ќе биде насловена “Break the Simulation”.