Сцена 07. април 2018. / 22:11

Како започна кошмарот на Сања Вејновиќ ѕвездата од хрватската сапуница „Чиста љубов“

Како започна кошмарот на Сања Вејновиќ ѕвездата од хрватската сапуница „Чиста љубов“

Сања Вејновиќ, која нашите гледачи имаат можност да ја гледаат во хрватската сапуница „Чиста љубов“ во која го толкува ликот на мајката на главната хероина, пред неколку дена со брза помош била префрлена во болница, каде штто и’ било оперирано слепото црево, пренесуваат хрватските медиуми.

Актерката се пожалила на силни болки во стомакот, кои набрзо станале неподносливи, по што викнала итна помош и завршила на операциона маса.
Од приемот на болничарот, кој прв ме притисна на болното место, со реченицата дека најверојатно е слепо црево, почна процедурата. Доаѓа дежурната лекарка, која иако има симптоми дека е слепо црево, одлучува да направи низа прегледи, од гинеколошки, уролошки, интернистички, за да елиминира се’ друго. Од тој момент почна мојот кошмар“, се пожали актерката на својот фејсбук-профил.