Сцена 03. јули 2018. / 20:14

Кајли Миног си фати дечко

Кајли Миног си фати дечко

Во животот на Кајли Миног има нов маж, таа е вљубена, и барем засега споменот и болката на скршеното срце остануваат во минатото.

50-годишната пејачка ги потврди официјално информациите за врска со Пол Соломонс, откако пушти слика на која двајцата се бакнуваат на покрив на зграда во Њујорк.

-Го сакам Њујорк!- пишува Кајли под кадар.

Се работи за креативниот директор на британското списание GQ. Според извори на западните медиуми, двајцата со Кајли почнале да се гледаат во април, а сега веќе работите станале доволно сериозни за да излезат на виделина и да откријат пред светот дека се двојка.