На венчавката на својот басист Ивица, Јелена Розга го фати бидермаерот и така според традицијата си отвори патот кон олтарот.
Пејачката од Сплит минатиот викенд се забавуваше на венчавката на својот долгогодишен соработник, басистот Ивица и неговата сопруга Матеа.
Разбирливо, Јелена притоа беше во центарот на вниманието, а испеа и неколку песни со што ги забавуваше насобраните гости. Посебно внимание предизвика моментот кога со другите девојки застана во редот за фаќање на бидермаерот, традиционален чин за секоја венчавка.
Додека во позадина одеше песната „Single Ladies“ од поп пејачката Бијонсе, невестата го фрли бидермаерот директно во рацете на Јелена, која притоа не можеше да го сокрие воодушевувањето.
Целата атмосфера Розга ја сподели по пат на својот Инстаграм профил, а во коментарите по постот доби честитки од многу фанови.