24-годишниот пејач Џастин Бибер и 21-годишната манекенка Хејли Болдвин вчера наводно се венчале во Њујорк, изговарајќи го судбоносното “да” пред судот.
Тие наскоро планираат уште една церемонија.
“Припремаат голема прослава во склоп на која ќе го кажат своетo “да” пред Бога и пред луѓето кои ги сакаат”, изјавил изворот.
Странските медиуми пишуваат дека споменатата прослава веројатно ќе се одржи на пет милиони вредниот имот во Канада кој популарниот пејач го купил минатото лето.
Како што јавува “TMZ”, парот планирал да се венча идната година, но сепак се предомислил. Пред самата венчавка тие извадиле брачна дозвола, а Џастин бил пресреќен.
Џастин и Хејли се неразделни откако се смирија кон крајот на мај. Пејачот и манекенката повторно се заљубија еден во друг откако Бибер по којзнае кој пат ја прекина својата врска со пејачката Селена Гомез. Тие се верија на Бахамите во јули.
За потсетување, Бибер и Болдвин неодамна беа фотографирани како плачат пред нејзиниот стан. Пејачот објаснил дека причината за неговото и плачењето на Хејли е книгата “Значењето на бракот: Соочување со сложеноста на обврзувањето со помош на божјата мудрост” на американскиот теолог Тимоти Келер.
Станува збор за конзервативен христијански прирачник, кој помеѓу останатото забранува секс пред брак и истакнува дека жените мора да им се потчинуваат на мажите.